Amicorum – мај 2016-бр. 2 – стр. 8

Економска благосостојба

foto by Marinela

Одбегнувањето на различностите и наметнување на едно убедување не се во духот на современиот свет, особено кога станува збор за поставување на одредени стопански цели. Доколку го прифатиме основниот економски принцип дека се вложува онолку снага колку што е потребно да се оствари постигнатата цел. Нашата заедница поставува многу мали цели за да може да ги оствари, бидејќи поставување на поголеми цели, бара и поголеми напори. Илузорно е да се очекува постигање на забележителни стопански постигања, а при тоа многу малку да се вложува за нивното постигање. Неможе да се зборува за квалитетот на живеење, а при тоа да не се образложи зошто одредена криза во општествената заедницата оневозможува постигање на постојан економски раст, кој ќе создава услови за постигање на повисоко ниво на квалитетот на живеење во таа заедница.

Олеснителна оклоност е дека во нашата заедница кризата трае веќе од времето на Источната криза (1871 година) па се до сега, со кратки периоди на надминување на истата. Но тоа е никакво оправдување за сегашната состојба во која се наоѓа нашата општествена заедница. Тоа само покажува дека во целиот тој временски период нивото на одговорност на надлежните општествени фактори кои биле задолжени по некаков основ да создаваат амбиент, кој ќе погодувал за постојан економски раст била на многу ниско ниво.

Внимание ќе обрнеме на неколку основни показатели на нивото на кризата во една општествена заедница. На овие показатели предупредува Ѓорѓије Ускоковиќ. Прв показател е моралната и вредносната криза. Тоа значи дека не постои подготвеност на општествените субјекти, пред се на поединецот да се ангажира за постигање на заедничките интереси, особено кога постои несогласување на поединечните и општите интереси. За ваква криза станува збор секогаш кога државата не е гарант за сопствената сигурност на секој поединец во остварување на неговите општествено прифатливи цели па сигурноста ја бара во областа на приватно дејствување во склоп со свои истомисленици.  

П Р О Д О Л Ж У В А

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.