Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 9

Цел на истражување

“Nosce te ipsum et nihil magis” (Đurić, 1976: 102)[i]

Ништо не доаѓа спонтано, ништо не се решава само од себе, затоа цел на ова наше истражување како што вели професор Vujević е откривањето на тоа што сме го дефинирале како проблем кој има прагматична страна, но не со помало значение е и втората сознајната страна (1983). Капитална цел на ова истражување е да се согледа местото и улогата на младите дипломирани криминалисти и магистрите по криминалистика како високо образовани кадри30 во нашава заедница.

Одредување на смерници како нивното место и улогата да бидат во еден разумен временски период што подобро одредени и спроведувани. Со тоа нивото на нивниот интегритет и прагматичност, а воедно и нивото на заедничката безбедност ќе бидат на задоволително ниво со постојан тренд на оптимален пораст. Со што се овозможува функционална безбедносна парцијална превентива31 која ќе ги развива и зајакнува човечките вредности, како основен сегмент на секое современо општество со стабилна демократија, создавајќи амбиент за квалитетно живеење.

foto by Marinela

30 Со посебно внимание на дипломираните на Факултетот за безбедност.

31Особено во делот на економска и социјална стабилност на едно општество, со што се овозможува создавање на функционален современ систем на безбедност, преку конкретна примена на адекватни академски знаења кои го изразуваат raison d’être на високото образование.


[i] Nosce te ipsum et nihil magis– (лат) Запознај се самиот себе си и ништо повеќе.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

foto by Marinela

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.