Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 8

Временско одредување на предметот

Блиското минато е периодот во кој е набљудувана оваа појава. Во периодот август – септември 2013 година е спроведено анкетирање на граѓаните на Македонија, за да го искажат својот став дали на нашата општествена заедница се потребни кадри кои го изучуваат криминалот како општествена појава. Во наредниот период октомври – ноември истата година се анкетирани самите криминалисти за да го изразат својот став за актуелизација на професијата криминалист. Користените статистички податоци се показатели за движењето на криминалот во различити држави во периодот од последниве десетина години, додека за нашата општествена заедница се користени и постари податоци од минатиот век.

Просторно одредување на предметот

Поради актуелноста на проблемот кој се проучува, истиот е набљудуван на целата територија на нашава општествена заедница. Поради компаративни сознанија каде сме ние како општествена заедница во решавањето на криминалот како општествена појава, истата е предмет на анализа и во некои други општествени зааедници со кои според бројот на население и територија сме слични по големина.

Дисциплинарно одредување на предметот

“… науката ќе мора сè поблиску да навлегува во тековите на животот, во мотивациите на луѓето, во нивните заложувања но и во нивните тешкотии, во нивните подвизи, но и во нивните слабости” (Христов, 1981: 15). Со овој свој став академик Христов јасно дава на знаење каква треба да е улогата на науката во една општествена заедница. Понатаму академикот продолжува: ” Сето ова треба да се прави, ако не сакаме да останеме слепо приврзани кон моделирањето на организацијата, па поради тоа да не ги видиме новите односи што луѓето ги создаваат” (ибид.). Новите односи кои се создаваат значат предизвик и создаваат обемност и сложеност на предметот на истражувањето во овој труд. Затоа тука има простор за дејствување на сите општествени науки, некои помалку некои повеќе.

Најмногу внимание ќе биде посветено на криминалистиката, но свој простор наоѓаат и следниве науки социологијата, криминологијата, безбедносните науки, психологијата, андрагогијата, економијата, когнитивната наука, политичките науки, секоја наука која во своите истражувања посветува одредено внимание на индивидуата. Веќе подолг период современите научни сознанија покажуваат дека кон определен општествен проблем едностраното изучување и набљудување е минато кое дава многу слаби резултати.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.