Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 7

Компоненти и чинители

Во секоја општествена заедница основна компонента   во   нејзиното   создавање   и   градење меѓусебни односи е или барем треба да е човекот. Човекот како веќе формирана личност која своите карактерни особини, способности, мотиви ги усогласува со потребите на својата потесна и поширока околина според професор Olgica Matić претставува добро инкорпорирана личност (1974). Личност која во своето окружување  гради  living  conditions  for  long  life  кои допринесуваат за прогресивен развој на заедницата.

Носител на севкупниот општествен развој треба да претставува високо образованиот кадар, како производ на научната заедница чии што вложени напори и жртви како што напоменува професор Vojin Milić од една страна и постигнатите материјални, културни и психолошки резултати од друга страна претставуваат општ баланс на начинот на општествениот живот (1978). Бидејќи во овој кадар заедницата најмногу вложува и нормално е да се очекува тој образован кадар користејќи ги предходните искуства и сознанија преку целта поради која е оспособуван го подобрува севкупниот квалитет на живеење во таа општествена заедница.

Откривајќи го својот човечки потенцијал за решавање на проблеми со кој се соочува во текот на својата егзистенција според S. Hrnjica се станува зрела личност (Jović, 1998). Личност која успешно ги совладува современите општествени проблеми осознавајќи го при тоа своето занимање, професијата криминалист преку остварувањето на своите индивидуални мотиви и цели. При што допринесува за развој на целата заедница.

foto by Marinela

Вредности кои се загрозени од кривични поведенија според професор Aleksić се премногу значајни вредности за да лесно се преминува преку фактот дека без големо знаење и искуство, не може успешно да се дејствува на ова поле (1979). При тоа особено треба да се земе во предвид продолжува професор Aleksić „дека систематското учење на основните знаења од криминалистиката може да послужи како темел на кој се гради и надоградува сопственото искуство“ (1979: 10).

Постапувајќи на овој начин поединецот создава предуслови за организациска поставеност на општествената заедница, деловната заедница, политичката заедница, административна заедница, научната заедница и води кон самосознание и создавање сопствена стабилна, просперитетна семејна заедница, заштитувајќи ги основните вредности. Во спротивно во полн израз доаѓа и се покажува слабоста на неорганизирана заедница. Тоа би значело како што наведува Schuck „зависност од општата политичка клима и влијателните групи“ (Вуковић, 2010: 230).

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.