Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 6

Операционално одредување на предметот на истражување

Главен предмет на истражувањето во овој труд е професијата криминалист. Младиот високо образован кадар од оваа професија како субјект во една општествена заедница треба да поседува одредено ниво на интегритет и прагматичност за да е носител на сузбивањето на сите форми на криминалитетот. Развојот и прогресот на секоја заедница е тесно поврзан со севкупната безбедносна состојба во таа заедница. Општествената заедница е животно заинтересирана како што наведува професор Мојаноски “остварување на безбедноста која е создадена”28 (2012; 15).

Богатството на заедницата според Адам Смит е тесно поврзана со продуктивноста на трудот чии главни фактори се умеењето29, вештината и расудувањето (1997). Од тука произлегува дека севкупните вредностите на една заедница имаат преголема вредност, за да се има илузија дека со нив може да располагаат луѓе без големо знаење и искуство, а сето тоа научната заедница да го набљудува само од страна.

Затоа знаењата и искуството на Факултетот за безбедност преку кадрите со кои располага и ги има образовано во делот за криминалистиката треба да бидат општо добро, кое ќе може да биде достапно и да го уживаат сите членови на една организирана општествена заедница.

foto by Marinela

28При создавање на безбедноста како општествена појава несомнена е потребата за справување со сите форми на криминалитет, кое без соодветно образован кадар од областа на криминалистиката тешко дека може да се реализира.

29Умеења стекнати во системот на формално и неформално образование во конкретна општествена заедница.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.