Amicorum – мај 2016-бр. 2 – стр. 7а

На прикажанава табела како базна година е земена 1990 година и на таа табела се прикажани растот и падот на економијата во секоја наредна година. Оваа табела е добра и треба да се посматра само до 2000 година. Во тој временски период од 1990 – 2000 имаме просечен пад годишно од – 0,79%.

Foto by Саломон Ренак, (1977), АПОЛО, Београд, Српска књижевна задруга, стр 210

Сега треба да го посматраме периодот од 2000 – 2010, во овој период падот изнесува – 2,09%. Значи овде 2000 година е земена како базна и за десет години БДП на нашата општествена заедница е намалено во просек за – 2,09%. За овие општествени прашања и задачи научната заедница има голема обврска за истите да се произнесе и да објасни што се случува. Изгледа несериозен податокот дека 2010 година во однос на 1990 година бележи раст од 1,8%. Нормално за тие дваесет години има многу објаснувања зошто тоа е така.

Но општествени заедници со многу посериозен пристап во тој период имаат остварено раст од 5% до 10%. Додека брзо растечката економија на Кина има остварено просечен раст од 9,8% во период од три децении во континуитет. Треба да се тежнее кон одржлива стапка на раст на БДП во што подолг можен временски период.

На овој предизвик научната заедница треба да даде научно утврдени сознанија и постојано да врши притосок на одговорните субјекти во општествената заедница за одржување на овој раст без оглед на надворешните и внатрешни влијанија. Секогаш ќе постојат некакви „оправдани“ причини за успорување на овој економски раст кој треба да овозможи квалитетно живеење во една општествена заедница. Нормално секогаш некој друг е виновен, а никако народните избраници, тие се „непогрешливи“ но сепак некој и нешто не кочи во нашиот прогресивен развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.