Amicorum – мај 2016-бр. 2 – стр. 7

БДП – амбиент

»Во време на универзални измами, да се зборува вистината е револуционерен чин«. – Џорџ Орвел

Квалитетот на живење во една општествена заедница е тесно поврзан со вкупните активност кои ги прави населението на една заедница во одреден временски период. Најчесто тој период е период од една календарска година. Бруто домашен производ е економски израз кој ги претставува севкупните економски дејствија на производството и услугите во период од една календарска година на една земја чија вредност е изразена најчесто во американски долари, без оглед на тоа во чија сопственост се фирмите који го направиле тој приход.

Клучен фактор во создавањето на овој приход е работно способното население или работната сила со која располага една општествена заедница. Работна сила е секој жител кој е постар од 16 години и е способен да допринесува во создавањето на бруто домашниот производ (БДП). Само добро организирани заедници успеваат што поголем број од својата работна сила да ја ангажираат во работниот процес. За да се има преглед на големината на бруто домашниот производ и како тој може да допринесе за подобрувањето на квалитетот на живеење на граѓаните се истакнуваат два параметра.

Првиот го покажува нивото на зголемување на БДП во однос на една базна година (најчесто се зема нултата година во едно десетлетие) или нивото на зголемување во однос на предходната календарска година. Во нашата општествена заедница не се практикува ниту еден од споменативе начини. На табелата на страна 7 се гледа како тоа се пресметува кај нас, додека подолу ќе ги образложиме истите податоци искажани реално.

П Р О Д О Л Ж У В А

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.