Сите ние сме попаметни

„Statistike su nešto hladno. One su razine druge neke vrste kojom upravljaju statističari. Prema njima se određuju mnoge stvari. Iz njih se povlače sve vrste zaključaka kao izvor naše pogreške u održavanju jednake razine u našoj ekonomici. Ali ni jedan od njih ne vodi računa o mojim emocijama, mojim osećajima u uočavanju pogreške. Bilo mojim, bilo moje obitelji. Njih zanima samo ravnoteža, a ne naši osjećaji.“ – (Harold Robbins 1916 – 1997)

„Или како што велат Јапонците: »Сите ние сме попаметни од кого и да било од нас«.

… Таквата одлука бара огромна увереност во сопствените начела. Што им овозможува на луѓето да поседуваат толку силен внатрешен компас, односно Северна ѕвезда што ќе ги води низ животот според диктатот на најличните вредности и цели?

                Клучот е во самосвеста, особено во прецизното читање на внатрешните знаци што телото ги издава со својот џагор. Нашите суптилни физиолошки реакции го одразуваат збирот на искуствата што се значајни за одлуката на односниот момент.

                Правилата за донесување на одлука што произлегуваат од животните искуства престојуваат во нервните мрежи на суперкортекот кои ги собираат, складираат и така го градат нашето внатрешно кормило.[1] Мозокот го крие нашето најинтимно чувствување на целта и смислата во тие регии на суперкортексот, делови што се слабо поврзани со вербалните регии на неокортексот, но силно се поврзани со стомакот. Сопствените вредности ги препознаваме така што прво ќе почувствуваме во утробата што чини а што не чини, а потоа јасно си ги предочуваме тие чувства.“

foto by Marinela

Насловот на овој пост е позајмен од делото „Фокусираност“ од универзитетскиот професор Даниел Големан, поентата на текстот кој е цитиран подолу е во тоа дека секогаш кога се донесуваат големи одлуки кои се од непроценлива важност за една општествена заедница, неопходно е што повеќе субјекти да бидат вклучени во дискусијата  пред да биде донесена конечна одлука.


[1] Техниката со назив „фокусирање“ ги учи луѓето како да ја користат таа неизмерна животна мудрост надвор од свеста така што ќе ги препознаат фините внатрешни промени во чувствата. Видете: Eugene Gendlin, Focusing (New York: Bantam 1981).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.