Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5ж

  • Граѓански сектор – “Цивикус27 го дефинира граѓанското општество како простор меѓу семејството, државата и пазарот, каде луѓето се здружуваат за да ги остварат своите интереси” (Стратегија … , 2007: 13-14).
foto by Marinela
  • Приватен сектор – тоа е оној дел од заедницата кој како што забележува францускиот академик A. Peyrefitte “се ослободува од секакво божествено туторство, доверба во поединецот и групата, смисол за научни истражувања, за техника, иницијатива се дава на полетот, се создава стопански менталитет” (1978: 177). Преку создадениот стопански менталитет поединецот и повеќето граѓани со вложување на сопствени средства следејќи го laissez-faire пристапот, создаваат вредности кои овозможуваат целата заедница да ги ужива нивните благодети при што ги ризикуваат своето време, пари и знаења без очекување за остварување на сигурна добивка.

27Светската алијанса за граѓанско учество била формирана со одлуката на група лидери од граѓанското општество 1991 од целиот свет за да се зајакне и поддржи виртуеленото проширување на учеството на граѓаните во секој регион од светот. Во оваа 20-члена група, која служат како управен комитет за преведување на оваа идеја во организациона реалност, вклучени се Мигел Дарси од Бразил, Хорст Нимаер од Германија, Eddah Wacheke Gachukia од Кенија, Тадаши Јамамото од Јапонија, Farida Allaghi од Саудиска Арабија и Braian О ‘Connell од САД. http://civicus.org/ Пристапено 27.01.2014.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.