Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5е

  • Хиерархија на потреби – кога се работи за високо образован кадар особено доаѓа до израз неопходноста за задоволување на потребата од третото ниво (Maslow, 1970) според теоријата на Maslow, бидејќи незадоволувањето на оваа потреба води кон осаменост, повлеченост, депресија, доаѓа до отуѓеност на личноста од општеството и другите индивидуи поради невозможност за применување на своите работни способности, со што директно е загрозена личната безбедност на самата индивидуа.
  • Благосостојба – синоним на овој поим е поимот квалитет на живеење (Goričar, 1984). Основни показатели на квалитетот на живеење се: а) Човековите основни карактеристики, б) Системот на човековата социјална средина и в) Системот на природната средина (ibid.). Светската здравствена организација квалитетот на живеење го дефинира како: „Квалитетот на живеење е лична перцепција на сопствениот начин на живеење во контекст на културата, системот на вредностите, очекувањата, перспективите за иднината, стандардот и интересите“. (Ilić, Milić & Aranđelović, 2010: 55).
  • Високо образован кадар – стекнување на знаења и вештини на високо образовна институција кои се верификуваат и значи дека индивидуата има одредени специјализирани знаења кои е неопходно прагматично (Heler, 1984)26 да ги применува при градење на својата професионална кариера.
  • Употребна вредност создавањето и применувањето на употребните вредности на една индивидуа траат цел живот, но својата форма ја добиваат при процесот на образованието, при што високо образованиот кадар треба да биде авангарда во тој поглед, бидејќи тоа директно се одразува на неговата економска и морална вредност.

26Според Habermas овој термин означува успешно остварување на конкретни цели.

П Р О Д О Л Ж У В А

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.