Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5ѓ

  • Човечка безбедност – овој поим во својата најширока смисла, опфаќа многу повеќе од самото одсуство на насилни конфликти24. Особено внимание треба да се посвети на современите облици25 на заштита на поединецот од внатрешното насилство кое во денешно време е присутно на секој чекор. Посебено внимание треба да се посвети на создавање на услови да секоја високо образована единка има можност да го остварува својот потенцијал достоинствено и во континуитет изразен преку свеста за правниот живот како главен показател во системот на вредности.
  • „Превентивна безбедност“ (Ракић, 2009: 865) – поим кој особено треба да биде применуван во општествата кои сакаат да се развиваат во правец на стабилна демократија каква што е предвидена за развој на нашата општествена заедница. Доколку одредено општество сака да има континуиран развој на сите полиња неопходно е да тежнее кон обезбедување на безбедносна состојба за подолг временски период. За овозможување на таква состојба најважен фактор е кадровската структура која ќе ја овозможува таа безбедносна состојба како резултат на неатрактивноста на сторување на кривични дела со што се овозможува несметан прогресивен раст и развој на општеството, само по себе се подразбира дека двигател во таа кадровска структура треба да е професијата, која знае да се справи со тие облици на криминалитетот. Професија кој знае да ја создава и организира безбедносната превентива на сите нивоа создавајќи амбиент за препознатлив систем на вредности кој ќе овозможни надминување на кризата на моралот (Šeparović, 1986).

24Kofi Annan за човечката безбедност. Kofi Annan. “Secretary-General Salutes International Workshop on Human Security in Mongolia.” Two- Day. Session in Ulaanbaarar, May 8-10, 2000. Press Release SG/SM7382. http://www.un.org/News/Press/docs/2000/20000508.sgsm7382.doc.ht ml 08/27/01, пристапено 05.06.2011.

25Не се бираат средствата со кои треба да се остварат одредени цели, а сето тоа во името на демократијата каде најмногу страда поединецот.

ПРОДОЛЖУВА

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот м-р Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Gledaj na tuđe mane jednako blagonaklono kao na sopstvene. – Kineska poslovica

Čovek nauči malo iz uspeha, ali mnogo iz grešaka. – Arapska poslovica

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.