Успехот да стане навика 3

Кога ученикот ќе биде ментор истото важи и за него, несебично пренесување на своите знаења на своите ученици, додека постарите ментори уживаат во плодовите на својата работа. Ученикот ќе биде добар ментор доколку од својот ментор научил успехот да му стане навика. Навика која понатаму ќе ја пренесува на други ученици.

Менторот кој ќе успее со неврохируршка прецизност да „влезе“ во сивите клетки на својот ученик знае дека таму ќе најде се и сешто т.е. разновиден „одпад“ од кој треба што побргу да го ослободи ученикот. Во тој поглед родителот како прв ментор на своето дете е во предност бидејќи тие сиви клетки кај детето се празни, неиспишани, а нивна задача е тие празнини да почнат да ги пополнуваат со се што на детето во неговиот понатамошен развој многу ќе му помогне тоа е она што јас го нарекувам домашно воспитување. Тоа е основата на секој успех во животот, не талентот, не генијалноста збогатена со формалното образование. Тоа многу лесно се докажува на овој свет има многу талентирани и генијални луѓе кои не успеале, додека од друга страна луѓе со скромен талент и неизразена генијалност успеале во животот според било кој показател на успех – духовен или материјален.

Добрите ментори кога ќе „влезат“ во сивата материја на својот ученик применуваат многу едноставна метода за подготовка на ученикот за едно успешно животно патување. Најпрвин целиот „ментален отпад“ ќе го соберат на едно место, потоа ќе го поделат на корисен и некорисен „отпад“. Некорисниот „отпад“ го вадат, а потоа тоа што ќе остане почнуваат да го множат. Со основните математички операции собирање, делење, вадење и множење кај своите ученици постигнуваат неверојатни резултати. Затоа занаетот ментор е занает број еден во XXI – виот век. По него ќе има се повеќе побарувања. Добриот ментор секогаш ќе си најде ученик, кој е подготвен да учи. Менторот секогаш се појавува кога ученикот ќе биде подготвен да учи. Малку за тоа во што е разликата меѓу ментор и наставник.

Foto by Саломон Ренак, (1977), АПОЛО, Београд, Српска књижевна задруга, стр 19

Наставникот го учи ученикот за факти и техники на работење за плата, но никогаш нема да биде среќен доколку некој негов ученик се обиде да дојде на неговото место. Додека менторот постојано го предава своето знаење на ученикот, а ќе биде најсреќен човек на светот кога негов ученик ќе дојде на неговото место. Времето никогаш нема да ти биде пријател, додека менторот секогаш ти е пријател. 

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.