Успехот да стане навика 2

Никогаш не треба да се заборави дека наш прв ментор ни се родителите, кои ни ја даваат основата на домашното воспитување – најважен фактор во постигање на успех. Кога родителите како ќе ни го пренесат неопходното знаење кое ќе ни послужи како влезница во дизниленд светот на возрасните, неопходно е да пронајдеме друг ментор кој несебично ќе ни пренесува одредени специјализирани знаења кои не сме можеле да ги стекнеме во домашни услови. Тука започнуваа тешкотиите бидејќи не е лесно да се пронајде ментор кој ќе сака и може да ги троши своето време и знаење за да го научи ученикот на одредена вештина.

Кога ќе пронајдете некој таков ментор не треба ни по која цена да го испуштите, бидејќи поволните прилики ретко доаѓаат сами, а уште поретко се искористуваат кога ќе наидат. Затоа занимањето ментор е најважно и најбарано занивање на овој век – векот на информатиката. Како може да се препознае добар ментор? Добар е оној ментор кој ќе знае меѓу него и ученикот да воспостави биохемија, односно од неживи елементи и соединенија да создаде жив организам кој функционира. Тоа се приметува по чувствата кои ги чувствувате кога сте во нечија близина. Ако ги имате тие чувства тоа е биохемија, доколку ги нема тие чувства тоа е чиста математика, која во најекстремни околности преминува во физика – механичка пресметка.

Кога ќе пронајдете ментор во чија близина се чувствувате исполнети, горди, големи, цврсто држете се за него се додека не ви го покаже вистинскиот пат кон успехот. Добар ментор секогаш ќе има време тоа со задоволство да ви го покаже и прикаже, бидејќи тој ужива во работата, не се секирајте при таква работа и соработка резултати има секогаш малку покасно само имајте трпение – кое веќе сигурно го имате стекнато во домашни услови. Бидете сигурни дека успешен ментор секогаш по нешто учи и од своите ученици, тоа е занимање кое вечно трае. Кога ученикот ќе биде подготвен да учи по ненапишано правило секогаш ќе се појави менторот, кој има право да учествува во успесите и неуспесите на својот ученик, но нема право да учествува во неговото одкажување. Меѓу ученикот и менторот постојат две разлики. Прва и основна е дека менторот ја почнал таа работа да ја работи порано, пред тоа и тој бил ученик. Втората разлика е што за иста сработена работа менторот е повеќе платен духовно и материјално.

П Р О Д О Л Ж У В А

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

“Postoji jedna stvar jača od svih oružja nasvetu, a to je ideja čije vreme dolazi.” Victor Hugo

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.