Успехот да стане навика

„Ако од животот сте добиле лимон, направете лимонада“

Дејл Карнеги

Личниот квалитет како што веќе споменав зависи лично од нас или нашето семејство. Тој зависи од талентот, генијалноста и најмногу од домашното воспитување. Постојат и други два фактори за постигање на успех кои се независни од нас. Тоа се надворешните фактори: време и ментор.

Времето како фактор сите ние го имаме подеднакво 24 часа секој ден, седум дена во неделата, 52 недели годишно, никој тука не е привилегиран да има повеќе или помалку време. Од нас само зависи како ќе го искористиме тоа време. Затоа е најдобро да почнеме што порано да го користиме во стекнувањето на некои навики кои подоцна многукратно ќе ни бидат исплатени на овој или оној начин. Поинаку кажано да бидеме навреме подготвени да ги користиме благодетите кои може да ги понуди животот. Некои од тие благодети не наоѓаат неподготвени па така тие поминуваат покрај нас без да ги забележиме. Никогаш не е прекасно да се почне на време, што порано тоа подобро. Времињата се менуваат постојано, секојдневно поминува покрај нас, наше е да одлучиме дали успехот ни е судбина или судбина ни е да бидеме губитник. Богатството е во малите подвизи, кон кои секогаш треба да имаме детски пристап, повторувам детски пристап не детски однос. Кон овој начин на живеење и работење најдобро може да не упати лице чие занимање е занимањето – ментор. Вториот надворешен фактор од кој ни зависи успехот.

foto by pixabay

П Р О Д О Л Ж У В А

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

1 thought on “Успехот да стане навика”

  • Многумина посакуват успех но малку кој се занимава со вистинско постигнување на успехот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.