Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 5

2.1.1. Појмовно-категорјален апарат

Професија – “(лат. profession), занимање, занает, струка, стручно ангажирање” (Вујаклија, 1976: 785). “Професијавид дејност што служи како извор за егзистенција16, слободна професија” (Димитровски и соработници, 1965: 577). “Во општествената поделба на трудот професијата (занимање) е специјализирана активност преку која луѓето обезбедуваат средства и услови за задоволување на своите потреби. Бројот и видовите на професии воглавном зависат од општото ниво на развиеност на општеството и развиеноста на општествената поделба на трудот.

Развојот на производните сили, производноте односи и општествената поделба на трудот силно го афирмираат значајот на професијата во општеството воопшто. Благодареќи на своето значение, професијата значително влијае на одредување на општествената положба на човекот” (Вратуша и сор. 1979: 184). Додека според Г. Маршал професијата претставува внимателно раководење со знаењето врз основа на стручност која претставува основа на професионалните активности” (2004: 428). Додека за Karl Marx професионалниот ангажман треба да овозможи повисока положба во општеството, да го зголемува нашето лично достоинство со што се постигнува потполн расцут на личноста правејќи добри дела за општеството (1968).

За професијата може да се каже дека претставува стручно-конкретен работен ангажман, стекнат во системот на формалното или неформално образование, кој што е применет во одредена област која претставува основа за остварување на благосостојбата на една општествена заедница.

П Р О Д О Л Ж У В А

16Академските граѓани со универзитетска диплома треба својата егзистенција да ја овозможуваат благодарение на својата Alma mater институција каде што го имаат стекнато своето високо образование.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.