Amicorum – мај 2016-бр. 2-стр. 5

Znanje je blago koje svakog

vlasnika svugde prati.”

Kineska poslovica

Znanje je moć, ali neznanje

još uvek ne znači nemoć.”

Nils Bor

Економско-социјалната положба на граѓанинот од нашата заедница во минатото и сега

Квалитетот на  односите во една општествена заедница најдобро може да се забележи преку начинот на организирање на севкупниот амбиент во таа заедница за создавање на заеднички вредности. Тој амбиент во нашава општествена заедница во еден временски период бил релативно добро распореден територјално (Битола, Штип, Велес биле поголеми од Скопје), а резултат на тоа е дека тогаш сме биле економски најразвиена област во тогашната отоманска империја. Во услови на архаично земјоделие на овој наш простор во текот на XVIII– ти и почетокот на XIX– ти век како што наведува академикот Данчо Зографски најважни извозни артикли од Македонија биле: памукот (необработен како платно и преѓа), волна, свила, разни животински кожи, зрнеста храна, тутун и дрвен градежен материјал.

Ова само покажува дека доколку се посветува неопходното внимание во производство несомнено ќе се постигнат одрени резултати. Резултатите од такво производство се претставени на табелата подолу, од која јасно се гледа со кои земји Македонија имала трговска размена и соодносот на таа размена искажана во соодветни парични средства. Јасно се гледа дека извозот е многу поголем од увозот. Овие показатели се доволни за да бидат вистински предизвик за научната заедница која ја проучува економијата да даде соодветни насоки како да се движи нашето денешно стопанство.

П Р О Д О Л Ж У В А

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.