Два пата

„Било кој експеримент во својот живот ќе го спроведете на свој трошок“.

foto by pixabay

Ерл од Рочестер

                Во заблуда е оној кој мисли дека некој друг треба да го изоди неговиот пат во подобар живот. Секогаш треба да се стремиме да имаме и алтернативен пат, но секогаш треба да следиме пат, пат по кој пред нас оделе луѓе со исполнет живот, живот кој не бил потрошен залудно. Нормално е да се стреми на полесен начин да се дојде до вистинскиот пат, но полесен начин е оставање на празнина во духовна смисла, празнина која со друго не може да се исполни. Целосно исполнет живот значи исполнетост и во духовна и во материјална смисла, едното треба да го надополнува второто. Само едното значи да се има беден живот со исполнетост од духовна или материјална страна.

На влезницата која сите ја добиваме по стекнувањето на дипломата од формалното образование на било кој степен сами треба да си ја запишеме дестинацијата и да тргнеме кон неа. Многу малку луѓе ова го прават и постигнуваат, затоа работат работа која не ја сакаат, работат со луѓе кои не ги поднесуваат, живеат во место каде не сакаат да живеат. Затоа е добро уште пред да ја земеме влезницата, треба длабоко во нашата подсвест да биде втисната нашата животна дестинација. Дестинација која значи исполнет живот, духовно и материјално.

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

1 thought on “Два пата”

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.