Професијата криминалист – интегритет и прагматичност 2

2. Формулација на предметот

Oпштествената заедница без оглед на своето внатрешно уредување според Валтер Стејс во суштина треба да изразува некоја концепција за доброта (1991). Ваквиот пристап создава простор за дејствување  на научната заедница при што нејзината водечка улога би дошла до полн израз. Научната заедница овозможува индивидуата да се стекне со високо образование преку кое се поттикнува “интерес за одредена професија која може да произлезе од некои општи вредности, кои може да се остварат преку вршење на таа професија” (Petrović, 1973: 40). Така стекнатото високо образование претставува употребна вредност за секоја професија која овозможува како што вели Гордон Маршал “внимателно раководење со знаењето врз основа на стручноста која претставува основа за професионалните активности” (2004: 428). Така втемелените активности се основа за искористување на реалните шанси во животот, кои според Џон Роулс ги дефинираат главните институции преку своите шеми на правата и обврските на луѓето (2002). Исполнувајќи ги своите права и обврски луѓето ги диктираат living conditions1 изразени преку квалитетот на живеење во една општествена заедница. Квалитет на живеење значи дека голем број на единки изградиле сопствени успешни кариери, како за себе така и за членовите на своето семејство и пошироката заедница.

Актуелна криза во една општествена заедница според професор Vodinelić претставува идеално поле за дејствување на сторители на кривични дела (1978). Познато е дека во изминативе години2 има над 30.0003 годишно пријавени сторители4 на кривични дела. Значителен број на овие сторени и пријавени кривични дела се потешки кривични дела на кои како што вели професор Ciril Žerjav увид треба да направи криминалист (1986).  ПРОДОЛЖУВА

foto by Marinela

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

1Претставуваат основни показатели на една заедница, кои покажуваат како е тоа општество организирано како заедница. Тоа се однесува на пример на стапката на криминалитет, на стапката на бруто домашниот производ и сл.

22009, 2010, 2011, 2012 и 2013.

3Преземено од www.stat.gov.mk на 16.04.2015.

4Табела 41, ст 122.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.