ПЕТЕЛОТ И ДИЈАМАНТОТ

Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

foto by pixabay

Еден петел, чепкајќи, најде скапоцен дијамант. Тогаш почна да зборува: „Штета, ваква убава работа, а за ништо не чини! Повеќе би сакал да најдам едно зрно јачмен, одколку илјада вакви блескави камења. Сега гледам дека луѓето се без ум кога толку ценат нешто што ниту се јаде, ниту се пие!“

НАРАВОУЧЕНИЕ

                Дијамантот овде ја представува мудроста и науката, а петелот и неговото зборување го представуваат оној што не почитува ништо друго освен она што е пријатно за неговите телесни сетила.

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.