Професијата криминалист – интегритет и прагматичност

Апстракт

Професијата криминалист – интегритет и прагматичност, став кој побудува предизвик во секоја демократска заедница. Демократска заедница која е подготвена да го одбрани доброто од злото градејќи ги своите демократски вредности. Демократските вредности кои во своите дела ги опишувале бројни интелектуални мајстори како претставници на научната заедница. Но малку заедници успеале прагматично да ги применат нивните сознанија меѓу своите граѓани. Граѓаните доколку ги прашаш, знаат директно, добронамерно и безрезервно да ги искажат своите ставови. Секоја прогресивна заедница треба да ги почитува тие ставови, мисли, констатции на своите граѓани и да ги применува во рамките на своите можности. При тоа добро е да се знае како други општествени заедници се однесуваат кон истиот општествен проблем, начинот на кој го решаваат и како нивните граѓани се вклучени во тие решенија.

Голем допринос може да се добие кога се прашуваат за истиот проблем и оние граѓани кои значителен дел од својот работен век го посветиле на проучување на поставениот проблем. Тие со одговорен, професионален пристап и дејствување преку личен пример, тоа го искажуваат на повисоко интлектуално ниво. Ниво кое доликува на претставници на научната заедница и можат да покренат соодветна акција за позитивно решавање на поставениот проблем. Проблемот за вклучување на соодветна професија во решавањето на одредени општествени проблеми може да се постигне само со донесување на соодветен Закон за професии во дводомно Собрание. Ваков закон може само да донесат граѓани со завидно ниво на интегритет преку свој Законодавен дом, Претставнички Дом на угледни граѓани, професии и произведувачи.

foto by Маринела

Клучни зборови: професија, криминалист, интегритет, прагматичност.

„Професијата криминалист – интегритет и прагматичност“ е оргинален труд од авторот Мирослав Андреевски објавен во 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.