Триаголник на совршена интелигенција 2

Доколку тежнееме кон еден живот исполнет духовно и материјално во приближно подеднакви количини, неопходно е да ги развиваме останатите две состојки  кои ги представуваме преку двата крака на нашиот триаголник на совршена интелигенција.

Едниот крак е емоционалната интелигенција, интересно е дека овој крак на нашата интелигенција го имаме уште од најраното детство само треба да се открие и да се развива. Во спротивно недостатокот на овој вид на интелигенција се рефлектира со проблеми во понатамошниот живот.

Вториот крак на триаголникот на совршената интелегенцијата е финансиската интелигенција, која во целост се учи во текот на животот. Што побргу е направен овој крак толку повеќе време ќе ни останува да уживаме во благодетите на својот неповторлив живот.

Триаголникот на совршената интелигенција сега изгледа вака.

Површината на овој триаголник го представува нашето духовно и материјално богатство стекнато во еден живот. Совршен триаголник на интелигенција или совршена интелигенција представена преку триаголник е кога соодносот на основата и двата крака е 1 : 1 : 1. Односно совршена интелигенција представува подеднаков однос меѓу трите нејзини составни дела.

  1. Лична интелигенција која се состои од природната интелигенција – онаа што ни е вродена, вештачката интелигенција која е стекната во текот на нашиот живот и се состои од домашната интелигенција – интелигенција стекната во домашни услови покасно и во пошироката околина, академската интелигенција комплетнио стекната преку сите нивоа на формално образование.
  2. Емоционалната интелигенција представува способност за одложено временски доаѓање и постигање на некоја цел. На пример доколку треба некое одредено дејствие да го повторуваме извесен временски период, а за таа извршена работа  да не добиваме никаква или минимална материјални  или духовна надокнада. Добрата вест е дека оваа интелигенција во нас постои од најраното детство, лошата вест е дека многу малку родители неа ја одкриваат благовремено и ја негуваат. Бидејќи таа своите плодови ќе ги подари кога најмногу ќе бидат потребни.
  3. Финансиската интелигенција комплетно се учи и стекнува во нашиот период на работа и заработка, а тоа значи дека без оглед колку заработуваме да дел од таа заработка ни останува, која со тек на време вредно ќе работи за нас и нашето поколение. Овој вид на интелигенција го поседува многу мал процент на луѓе. Затоа најголем број на луѓето има финансиски проблеми од видот недостаток на парични средства. Овој став е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.