Триаголник на совршена интелигенција

„Интелигенција е способност на правење на фини дистинкции“

Роберт Киосаки

                За мене совршена интелигенција е способност да се подготвуваат и подаруваат оние најмали подароци кои со насмевка се подаруваат на секој кој е заинтересиран да прима подароци, а при тоа да се убаво завиткани. Тоа што се наоѓа во нив се состои од следниве состојки:

  • Основа,
  • Два крака.

Во основата секогаш се наоѓа личната интелигенција, која се состои од природната интелигенција, тоа ни е запишано во гените и неможеме да го смениме, само може да го надоградуваме. Надоградувањето е преку вештачката интелигенција која се состои од два дела.

  • Домашна интелигенција,
  • Академска интелигенција.

Домашната интелигенција е сето тоа што го учиме од нашето најтесно окружување, односно семејството, а потоа и од нашата малку поширока околина (соседство, улица, мало, село, населба, град…). Во денешно време недостатокот на овој вид интелигенција може да се надокнади со неформално образование за возрасни.

Академската интелигенција е сето тоа кое ќе го научиме преку било кој степен на формалното образование од основно до високо образование и понатаму преку последипломско образование.

Ако ова сакаме да го представиме графички би изгледало вака:

                 

Доколку сакаме да имаме стабилна основа тогаш овие два вида интелигенција е најдобро да се преклопуваат.

               

За вештачката интелигенција е најдобро нејзините два дела да се преклопени и тоа во најдобриот однос 1 : 1 со што се добива стабилност по должината на целата основата,

                                                                   

без оглед колку ни е природната интелигенција, бидејќи истата е надокнадена со стабилноста на вештачката интелигенција. Тоа е основа за да се изгради еден живот исполнет духовно и материјално.

ПРОДОЛЖУВА

Овој став е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.