Продолжи да чекориш

„Не е важно колку бргу одиш, важно е да не стоиш“.

Конфучие

Да се патува со надеж е поважно отколку само да се тргне на пат. Ако веќе тргнуваш на пат, а знам штом си стигнал до овде дека си тргнал на пат и дека го патуваш својот живот со одредена цел. Нека секој ден се пристигнува до некоја мала но остварлива цел, кои со тек на времето ќе го променат текот на твојот живот, бидејќи многу мали цели даваат еден успешен живот со остварени цели, секоја во свое време.

                Секоја промена е нова шанса за остварување на некоја своја индивидуална цел. Затоа прилагодувај се, не ја менувај околината. Најтешко е да се менуваат луѓето, а при тоа да се почне од самиот себе. Колку е лесно да ги менуваш другите, но сето тоа што е лесно има и мала специфична тежина, тежина која не е доволна позади себе да остави трага. Оној кој не остава трага позади себе не е вреден да се споменува. Треба да се остави трага која ќе овозможи да на секој оргинал му биде зголемена вредноста. Вредноста е нешто вечно ако се наследува.

foto by pixabay

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.