СЛАВЕЈОТ И ЈАСТРЕБОТ

„… ako prostaci ne poštuju svetinju tuge,

foto by pixabay

zar je bilo dostojno ići njihovim primerom?“

Henrik Sjenkjevič         

Славејот си пееше напролет и го насладуваше секого што ќе го чуе. Јастребот го фати и сакаше да го изеде. „Немој да ме убиваш – му вели славејот – гледаш како луѓето со задоволство ме слушаат и ме наречуваат сладок пролетен певец!“ – „Не ми е гајле мене за пролетта и за оние што те слушаат! Јас се грижам само за тоа како да го наполнам мојот стомак!

НАРАВОУЧЕНИЕ

               Мудроста, науката, славата и добрината – сето тоа не е ништо за оние што сите задоволства ги бараат и ги наоѓаат во чинијата и во бокалот. Само стомакот да им е полн, а со сè друго тие се смеат и се подбиваат.
Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен иЛесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“   

Foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.