Нема нешто за ништо 3

Во почетокот на есента во градчето дошол еден старец кој пристигнал со кола која била натоварена со градежен материјал и вреќи пченка. Граѓаните зачудено го гледале овој новодојденец, кој кога го прашале што бара во нивното градче, тој достоинствено им одговорил дека дошол да ги фати дивите свињи и вепарот. Сите гледале со недоверба во старецот. Но тој набргу заминал во пазувите на планината. Поминале неколку недели, но немало никаков глас од старецот. Граѓаните скоро почнале и да го забораваат, кога наеднаш пред почетокот на зимата старецот дошол во градчето и ги повикал граѓаните да појдат со него во планината за да ги доведат дивите свињи и вепарот кои успеал да ги фати. Никој не сакал да му поверува, но оваа убава вест стигнала и до газдата од чија фарма беше избеганиот вепар. Тој тргнал прв, а по него и неговите сограѓани. Кога стигнале до местото кое го посочи старецот сите застанале вчудоневидени. Имале што да видат сите свињи биле фатени во еден простор кој бил ограден со дрвен градежен материјал и мирно јаделе пченка.

Кога сите се вратиле во градот со големиот улов, газдата наредил да го доведат старецот кај него. Кога го довеле старецот кај газдата тој го запрашал како успеал да ги измами и фати сите свињи на тој начин и што би побарал за награда да го наградат. Старецот почнал да ја соблекува својата облека и маската која ја имал на лицето ја симнал, тогаш сите го препознале младиот свињар кој пред некоку месеци беше избркан од нивното место, поради тоа што му избега вепарот. Сите останаа вчудоневидени. Момчето кратко рече дека би сакало да се врати на својата стара работа кај газдата, а за тоа како успеало да ги фати свињите им кажа дека го подучил некој старец кој му рекол „научи ги свињите да добијат нешто за ништо и многу лесно потоа ќе ги фатиш“. Како му било речено така и направило и успеало. Воодушевениот газда со задоволство го вратил момчето на работа кај него и тоа како управник на неговиот имот, бидејќи за многу кратко време научило доста работи кои ќе може успешно да ги применува.

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.