Нема нешто за ништо 2

Газдата лут поради оваа загуба на најдобриот вепар што го имал го избркал невнимателниот свињар од работа. При тоа дал препорака никој да не го вработува во нивното место. Бидејќи никој не сакал да се замерува со „големиот“ газда така било и направено. Кутрото момче си ги собрало своите работи и заминало од тоа место. Набргу таа случка ќе била заборавена но искусниот вепар се приклучил кон дивите свињи кои живееле во тој крај, а набргу станал и нивен предводник. Така тие диви свињи предводени од избеганиот вепар почнале да нанесуваат големи штети на имотите на граѓаните. Дури влегувале во градчето при што правеле одредени штети.

Граѓаните од населеното место видно вознемирени, повторно организирале хајка сега вперена кон сите диви свињи кои им правеле штета. Но не успеале нешто позначително да направат, само сигурно виделе дека предводник на дивите свињи бил избеганиот вепар.

                Невнимателното момче за овие случувања прочитало во весник, согледало дека еден миг на неговата невнимателност, сега нанесувал големи штети на неговите некогашни сограѓани. Кои се до тој миг си имаа еден убав и среден живот. Миг кој го промени текот на неговиот живот. Донело цврста одлука дека во врска со таа немила случка мора да преземе нешто. Сега весниците често известувале дека луѓе од целата земја оделе во тоа градче да ги ловат дивите свињи предводени од избеганиот вепар, но сите тие ловења и потери завршувале неуспешно. Понекогаш некоја дива свиња ќе била отепана но целата работа на тоа се завршувала.

ПРОДОЛЖУВА
Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.