Нема нешто за ништо

„… што во човековата судбина може да биде поубаво и поголемо од достоинството на победениот, од упорноста на последниот.“ 

Добрица Ќосиќ

                Најдобро е секогаш да се почнува од почеток, но кога тоа не е можно се почнува од веднаш на создавање на навика за постигнување на успех. Така не може да се очекува некој значителен успех, доколку за тоа се нема стекнато навика. Бидејќи успех постигнат преку ноќ на силната сончева дневна светлина се руши како замок од песок, затоа ние сме тука каде што сме, имаме премногу успешни ноќни успеси. Затоа е најдобро да се почне што порано тоа подобро. Лесно се станува роб на лоши навики, но тешко се ослободуваме од нив. Додека добрите навики споро се стекнуваат, но затоа траат многу, многу подолго, правејќи еден живот да биде исполнет со многу мали успеси, кои по одредено време создаваат трајна вредност – голем успех, кој трае вечно, доколку го направиме да биде наследен.

                Во подножјето на една планина се простирало едно мало населено место кое ги имало сите карактеристики на мал град. Во тоа градче живеел и работел еден свињар. Секој ден си ги извршувал своите работни обврски совесно кон својот газда при чувањето на свињите. Но еден ден занесен во своите мисли при секојдневната работа заборавил да ја затвори вратата од кочината. Користејќи ја таа прилика еден вепар успеал да избега во пазувите на планината која се издигала во близина на фармата. Од стран на газдата, кој бил угледен човек во своето окружување била организирана потера по избеганиот вепар. Но и покрај неколку неделната потрага по вепарот, потерата не успеала да го фати.

ПРОДОЛЖУВА
Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.