Ништо ново 8

„… нов поглед на живот, … Суштина тог погледа састојала се у убеђењу да је човјечји циљ тежња ка моралном усавршавању и да је то усавршавање лако, могућно и вечно.“

Лав Николајевич Толстој (1828 – 1910)

Ова се басни од Езоп (околу 620 – 560 г.п.н.е.) објавени за наши прилики од издавачот „Кочо Рацин“, Скопје во 1966 година, но очигледно дека поучната порака не допреле до свеста на субјектите кои од тогаш до денеска се одговорни за важни општествени прашања во нашава заедница.

Човекот и лавот како сопатници

                Еднаш лавот патувал заедно со човекот. Во разговорот се фалеле еден пред друг. На патот нашле столб од камен кој претставувал човек што задушува лав. Човекот покажал кон столбот и рекол:

  • Погледај, како сме посилни од сите вас и појаки од секој ѕвер.

Лавот одговорил:

  • Вие тоа така сте го направиле, но ти многумина би видел како стојат под лавови, само лавовите да знаеја да делкаат камен.

К А М И Л А

                Камилата, која господарот ја натерал да игра, рекла:

  • Не сум смешна само кога играм, туку и кога одам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.