КОМАРЕЦОТ И ВОЛОТ

Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“               

»Еден комарец му застанал на волот на рог, па малку потоа му рече: „Ако сум ти тежок, ти кажи ми, па ќе си отидам!“ – „Ти да ми тежиш? Јас и не те сеќавам како и да те нема на светов!“

НАРАВОУЧЕНИЕ

                Ова е за оние кои за себеси превисоко мислат. На човекот по природа му е всадена себељубивоста; а сè што е природно, само кога разумно и пристојно ќе се применува, и добро е и нужно. Љубејќи се себеси со разум, човекот се чува и одбегнува секое зло; сакајќи да му биде добро, мора да прави добро; затоа , во каква било состојба или работа да се наоѓа, било во земјоделство, или во занает, или во наука, или во општествена служба, од ден на ден кон сè поголемо совршенство се стреми . . .

                Но, ова разумно себељубие треба да се разликува од самољубието; и да се внимава првото да не се преобрази во второто, што многу лесно може да се случи. Тогаш човекот, љубејќи и почитувајќи се само себеси, за другите ни малку или сосема малку ќе се грижи. И не само што се посрамотува, туку и поголемо праведно негодување и омраза од другите на себеси навлекува.

foto bay pixabay

                Значи, разумното себељубие е мајка на добродетелта, а од лошото самољубие се раѓа секаква будалштина и злоба

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.