Имај сон

Имав сон…

Мартин Лутер Кинг

Не е баш некој предизвик на луѓето со предприемачки дух да се задоволот основните потреби кои ги има секој човек – доволно храна, облека и кров над главата. По задоволување на овие потреби потребно е секој човек да има свој сон кој ќе тежнее да го оствари. Најчесто тој сон е да се биде важен, односно да се задоволува потребата за важност. Бидејќи ако на никого не му требаш, тогаш човекот постанува пајажина, а не е баш некое задоволство да се биде пајажина. Овде е најважно потребата за важност да не се задоволува на штета на други луѓе особено не на тој начин што на нив ќе им бидат ускратени основните потреби – доволно храна, облека и кров над главата.

Затоа треба што порано да се всади желба на детето да има свој сон кој во разумен временски рок ќе почне да го живее. Биди важен, овозможи им и на другите да имаат свој сон кој ќе го живеат. Живеј го својот сон и остави ги другите да живеат. Доколку некого го сакаш ќе му дадеш слобода на избор, ако понекогаш ти се враќа значи дека има потреба од тебе но ако не ти се враќа никогаш не ни имал вистинска потреба од тебе. Ако знаете на некого да му зголемите личната вредност, бидете убедени дека постојано ќе ви се враќа за да научи нешто ново, кое со задоволство ќе го применува во својот динамичен живот. Тоа значи дека сте успеале од едно мало беспомошно суштество да создадете лице кое во своето окружување ќе значи нешто, ќе има вредности кои ќе знае да ги користи и понатаму да ги пренесува на други лица.

Важноста е споена со успехот со една тенка линија, која малкумина успеваат да ја поминат, а успехот да го направат наследен.
Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.