ДВЕТЕ КУЧИЊА 2

Потоа заповедал да се пуштат во салата двете спомнати кучиња. Тогаш ловџиското полетало по зајакот, и не гледајќи го месото, а другото се наведнало над чинијата, не марејќи да има и илјада зајаци. Гледате, браќа мои, две кучиња од еден род и заедно окотени, а каква различност меѓу нас воспитувањето предизвикува! Да не ги учиме значи, нашите деца од малечки на мекост, сластољубие и леност, туку на мажественост, воздржување и трудољубие. На сиот свет му е познато какви луѓе биле Лакедемонците додека меѓу нив цветале Ликурговите закони. Го советувал еден премудар Англичанец (лородот Честерфилд) својот деветгодишен син, говорејќи: „Прави сè што сакам јас, додека да наполниш осумнаесет години, а потоа за секогаш јас ти ветувам дека ќе правам сè што ти ќе посакаш“. Младиот кој се владее умно до осмнаесет години, потоа сè подобар и поумен бидува. А кој дотогаш се разгалува и расипува, чудо е големо ако некогаш се подобри, освен ако веќе од природата е со добро срце. „Младоста (вели премудриот Хомер во својот „Алберт“), лесно се свиткува накај што мудрото воспитување ја управува, нејзината уште чиста душа прима со слична готовност љубов кон добродетелта и кон вистината“.

                „И мошне благата земја, пренебрегната, подивува“, говори Плутарх. Мажествените  и храбрите народи без воспитување и наука што се? Што би можеле да бидат? Но, кој ова на еден народ или на едно општество ќе му го даде? Никој друг, туку неговите управувачи и поглавари. А кога тие ќе го дадат тоа? Тогаш, кога и самите ќе бидат учени, разумни, на татковината вистински добромислители, и не само на зборови, туку на дело, благотвори и верни служители. А додека тие не бидат такви, што ќе биде? Сите вакви зборови и наравоученија ќе отидат во ветер.«

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“     

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.