ДВЕТЕ КУЧИЊА

Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“     

»Еден човек имаше две кучиња. Едното од нив го научи да лови, а другото го пренебрегна дома. А кога доаѓаше за јадење, еднакво им даваше и на двете . тогаш ловџиското куче почна да го кори и да се жали од другото куче, говорејќи: „Тоа е токму наопаку! Јас се мачам и ловам, а ти смрдиш дома: а кога доаѓа до јадење, тогаш та мене, та тебе!“ „Молкни, брате“, му одговара другото куче. „Не говори само во ветар! Јас за тоа нималку не сум крив, туку нашиот господар, кој не ме научи да се трудам, туку со туѓ труд да се хранам“.

НАРАВОУЧЕНИЕ

Ликург, лакадемонскиот законодавец, сакајќи на своите граѓани да им покаже каква сила има воспитувањето не само над луѓето, туку и над ѕверовите, зел две кучиња од еден сој, заедно од една кучка окотени, па едното го научил да лови зајаци, а другото ништо, туку само да јаде и да лежи. Ги свикал еднаш сите граѓани во една голема сала, каде наредил да се постави  една чинија со месо и да се пушти еден зајак. … ПРОДОЛЖУВА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.