Ништо ново 7

Ова се басни од Езоп (околу 620 – 560 г.п.н.е.) објавени за наши прилики во 1966 година, но очигледно дека поучната порака не допреле до свеста на субјектите кои од тогаш до денеска се одговорни за важни општествени прашања во нашава заедница.

Лисицата и ежот

                Кога на островот Сам бил осуден на смрт некој демагог, Езоп ја раскажал на народот оваа приказна:

  • Минувајќи ја реката, некоја лисица пропаднала во длабока дупка. Бидејќи не можела да излезе, долго се мачела, а во дупката се насобрале многу вошки. Кога ја забелажал некој еж што заталкал таму, се сожалил и ја запрашал дали сака да ја ослободи од вошките. Таа не го допуштила тоа. Кога ја запрашал зошто не сака, му одговорила:
  • Зашто овие се веќе сити и сега ми извлекуваат малу крв. Ако, пак, ми ги истребиш овие, ќе дојдат други гладни и ќе ми ја испијат преостанатата крв.
  • Така и на вас, луѓето од Сам – рекол Езоповој веќе нема да ви прави пакост, зашто е богат; а ако го убиете, ќе дојде друг без нигде ништо, па ќе ви земе сé што имате.

Желката и орелот

илустратор
Глигор Чемерски

                Желката го молела орелот да ја научи да лета. Иако ја одвраќал од тоа, зашто тоа не ù одговара на нејзината природа, таа сепак, уште порешително останувала при своето барање. Тогаш орелот ја зел во канџите, ја повел во височина и ја пуштил. Таа паднала врз некоја карпа и се здробила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.