Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 19-23/4

  • Ура, се движам, повторно пловам. – Извика стариот реморкер.
  • Но, чувствувам дека ќе мора да ме однесете на сервис, сепак некои работи ќе мора таму да бидат завршени.
  • Дали ќе знаеме да те однесеме до таму? – запрашаа децата.
  • Без гајле, јас ќе ви покажам, вие ќе управувате, оној кој знае каде оди секогаш е на вистинското место, вие знаете каде одите. – Им одговори стариот реморкер.

Посетија неколку сервиси, но никој не се нафати да ги направи завршните работи на реморкерот, наводно бил многу стар. Децата беа разочарани, но стариот реморкер им рече:

  • Најтешкото помина, сега кога почнавме нема одкажување, тоа е карактерна особина на колебливците, а вие тоа сигурно не сте, кога успеавте да ја завршите најважната работа го поминавте тешкиот почеток. Затоа сега појдете кон оној правец, таму живее еден сервисер кој е стручњак за поправање на олд тајмери, каков што сум јас.

Децата послушаа, тргнаа во посочениот правец, се одеше споро поради немирните морски води но сепак се одеше напред. Кога пристигнаа работното време веќе беше завршено. Но имаа среќа главниот сервисер се уште беше тука. Тој со рутина на искусен сервисер го прегледа реморкерот и рече:

  • Добро завршена работа, но ќе мора да го оставите овде реморкерот неколку дена за да ги завршам на него неопходните работи. Дојдете за пет дена се надевам дека дотогаш вашиот реморкер ќе биде подготвен за нови искушенија.

П Р О Д О Л Ж У В А

Расказ од збирката раскази »Балканско синапово семе« од Мирослав Андреевски објавена во 2009 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.