Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 19-23/3

Сонцето веќе беше зајдено, стариот реморкер на децата им кажа да појдат дома да се одморат, а утредента по изгревањето на сонцето пак да се вратат во заливот за да им го покаже во текот на денот. Децата изморени но задоволни појдоа кон своите домови.

Тоа беше за нив долга непроспиена ноќ, беа во исчекување што ли ќе им се случи наредниот ден. Утро е. Со првите сончеви зраци децата веќе беа на договореното место. Патот до заливот го изминуваа многу бргу. Возбудувањето кај нив почна полека да расте како се доближуваа до заливот. Тие знаеа каде одат, бидејќи оној кој знае каде оди никогаш нема да залута.

Во заливот сè беше мирно, само се слушаше ударот на утринските бранови. Стариот реморкер подготвено ги очекуваше, кога се појавија децата тој весело ги поздрави.

  • Добро утро, одморете се од патот, сигурно многу брзавте. – Рече стариот реморкер.
  • Уморени сме, но сме среќни што конечно нешто убаво почна да ни се случува. – Одговорија децата.

По краткиот одмор и веселиот детски џагор, стариот реморкер им кажа дека ќе ги запознае со неговата работа и ќе им покаже зошто не е во функција. Децата беа задоволни, нивното задоволство полека почна да преминува во занес, кога дознаа колку многу нивната помош му значи на стариот реморкер. Тој полека но сигурно им ги покажуваше деловите кои треба да се исчистат, како да се извадат, повторно да се наместат, некои стари делови беа заменети со нови. После неколку дена напорна работа, стариот реморкер им кажа дека сега е време да го стартуваат неговиот мотор и со споро но стабилно управување да го придвижат кон заливот. Моторот почна да работи, на лицата на децата се гледаше големо задоволство. Почнаа полека да управуваат со реморкерот, кој имаше прекрасна капетанска кабина.

П Р О Д О Л Ж У В А

Расказ од збирката раскази »Балканско синапово семе« од Мирослав Андреевскиобјавена во 2009 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.