Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 19-23/2

Децата зачудено се погледнаа меѓу себе и се запрашаа кој ли тоа им се обраќа.

  • Деца, тоа јас ви се обраќам, стариот реморкер, продолжете малку напред и ќе можете да скокнете на мојата палуба преку овој стар сплав.

Децата продолжија да одат и го видоа сплавот, одеа по него и веднаш до него го забележаа стариот реморкер.

  • Еве од каде доаѓа гласот, да видиме кој не повика? – рече едното момче.
  • Полека да не паднете, сега прескокнете на мојата палуба, тука сум пред вас ве очекувам.

Децата полека почнаа да прескокнуваат на палубата од реморкерот. Но фустанчето на девојчето се закачи на оградата од сплавот наместо на палубата на реморкерот тоа се најде во морската вода. Двете момчиња кога видоа што се случи веднаш скокнаа во водата за да ѝ помогнат.

  • Полека, полека, едно по едно искачете се на мојата палуба по овие скали. Така добро е сега сте сигурни на мојата палуба.

Трите деца мокри, но воодушевени се искачија на палубата на реморкерот. На нивните лица се гледаше задоволна и среќна насмевка. Нешто почна да се случува во ова долго мирно лето.

Децата полека се соземаа од преголемото изненадување кое им се случи. Никогаш во животот не се знае што може да ти се случи, бидејќи понекогаш е доволно само една случка во вистинско време и на вистинско место за да нечиј тек на животот биде сменет на подобро. Тоа штотуку им се случи на овие три деца.

П Р О Д О Л Ж У В А

Расказ од збирката раскази »Балканско синапово семе« од Мирослав Андреевски објавена во 2009 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.