Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 19-23/1

Стариот реморкер

Среќата не е во задоволството – туку во победата

Зик Зиглар

Cонцето изморено од својот секојдневен пат полека но сигурно го симнуваше својот диск зад хоризонтот, подготвувајќи се за починка во кратката летна ноќ, која наскоро ќе го замени долгиот летен ден. Две момчиња и едно девојче достоинствено газеа по песокта на морскиот брег и разговараа.

  • Што ќе работиме цело лето? Распустот штотуку започна ќе ни биде многу досадно ова лето.

Занесени во својот безгрижен разговор не ни забележаа дека пристигнале до почетокот на едно заливче кое порано го немаат забележано.

  • Ајде да појдеме да видиме што има во заливчето? Како го немаме забележано до сега? – рече девојчето.

Сите се стрчаа кон заливот. Кога пристигнаа до неговиот почеток, во еден глас трите деца изразија воодушевување. Беа вчудоневидени од глетката која се покажа пред нив. Во заливот имаше многу стари бродови, заринкани чамци, скршени сплавови, неисправни реморкери, тоа се оние мали бродчиња но со голема снага кои ги провлекуваат големите прекуокеански бродови низ плитките води при секое впловување и испловување во пристаништата. Имено децата живееа во голем пристанишен град. Децата се приближија до овие остатоци од некогашните моќни пловила кои пловеле како по мирни така и по немирни води.

  • Претчувствував дека нема да се досадуваме ова лето. – Се огласи едно од момчињата.

Со голема љубопитност почнаа да се движат меѓу овие морски легенди. Секое пловило си имаше своја животна приказна. Така одејќи меѓу пловилата слушнаа глас кој им се обраќа.

П Р О Д О Л Ж У В А

Расказ од збирката раскази »Балканско синапово семе« од Мирослав Андреевски објавена во 2009 година

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.