ЛАВОТ, БИКОВИТЕ И ЛИСИЦАТА

»Лавот, гледајќи три бика, постојано заедно во љубов и слога, не смееше да ги нападне. Затоа, ја испрати лисицата, која ги завади и ги раздели. Потоа лавот, нафрлајќи се на секој одделно, на сите три бика им ги зеде главите.

НАРАВОУЧЕНИЕ

            Неслогата ги уништува и усрамува браќата, а слогата и еднодушноста ги возвишува и ги прославува.«

ЛАВИЦАТА И ЛИСИЦАТА

            »Лисицата ја кудеше лавицата затоа што таа ретко и по еден пород раѓа. „Ретко и по еден – одговори лавицата – но кога раѓам, јас раѓам лав!“

НАРАВОУЧЕНИЕ

            Колку е оваа басна, толку е и поговорка, а се однесува на оние што добро и совршено работат. Напротив, некои сè се вртат и превртуваат, а кога работата ќе им ја погледнеш, ќе видиш каша! Многу нешто започнуваат, а ништо не завршуваат, а ако нешто некогаш и завршат, тоа не чини, па залудно им маката.«

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.