Желката и зајакот 3

Денот се уште беше млад, се чувствуваше огромна раздвиженост вистински амбиент за позитивни активности. Но малкумина беа тие што се движеа по вистинската патека, патека која води кон целта. Зајакот изморен од големиот напор што го употреби, изморен се одмараше во една дебела ладовина. Безцелните талкања лево – десно исцрпуваат, тоа многу добро го почувствува на својата кожа брзиот зајак. За тоа време желката веќе беше се искачила на едно возвишување од каде се пружаше прекрасна глетка на сите страни. Желката беше изморена, но изморена и среќна бидејќи беше на вистинската патека – патеката на успешните. Задоволна од своето дотогашно постигнување со поголем елан продолжи со лесен чекор да чекори напред. Душата и беше исполнета со восхитување затоа лесно се движеше.

Сончевиот златно – жолт диск полека засрамено се спушташе зад падините на високите планини. Еден од нашите јунаци полека но сигурно пристигна на местото на кое со големи букви беше напишано ЦЕЛ. Желката беше уморена, најверојатно од годините што ги има, но на лицето и се гледаше насмевка, беше задоволна успеа да стигне до целта. Тука на целта имаше голема веселба, бидејќи некои од учесниците беа пристигнати и прославуваа. Желката со задоволство се приклучи кон веселбата. По неа пристигнаа и други учесници во трката. Нивниот број беше многу помал од бројот на учесниците кои беа на стартот. На стартот сите имаа желба да стигнат до целта но немаа јасен план како да го направат тоа и покрај јасните патокази немаа волја и трпение да ги следат. Сонцето веќе беше зајдено, но едниот од нашите главни ликови брзиот зајак го немаше да пристигне на целта. Кутриот зајак се изгубил некаде низ лавиринтите на оваа долга но интересна трка. Без оглед на тие што не пристигнаа, победниците останаа до длабоко во ноќта да слават и да планираат за некои нови подвизи кои допрва ќе ги прават. Запаметете на таквите прослави никогаш, повторувам никогаш нема гужва.

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.