Ништо ново 5

„… велики се догађаји рађају из малих узрока.

… Какви би антропофази[1] било девет десетина

од оних који државама управљају!“

Лорд Бајрон

МАГАРЕТО ТОВАРЕНО СО СОЛ

            Едно магаре натоварено со сол, минувало преку некоја река. Слизнувајќи се, паднало во водата, а кога се кренало – било полесно, зашто солта се истопила. Кога другпат ја минувало реката натоварено со сунѓери, помислило дека ќе стане полесно ако падне пак во водата. Затоа намерно се слизнало. Но, му се случило да не може да стане, зашто сунѓерите се нацицале вода, та таму и се удавило.

ДЕТЕТО И СРЕЌАТА

            Некое дете спиело до еден бунар. Му пристапила среќата и почнала да вика:

  • Стани и тргни се оттука да не паднеш во бунарот, зашто тогаш сите мене ќе ме корат.

МАГАРЕТО И КОЖАТА ОД ЛАВ

            Кога некое магаре си навлекло лавовска кожа на сите им изгледало како лав, та фатиле да бегат и луѓето и животните. Но дувнал ветер, му ја слекол кожата и магарето останало голо. Тогаш сите притрчале и зеле да го удираат со стапови и ластегарки.

Ова се дел од басните на Езоп (околу 620 – 560 г.п.н.е.) објавени за наши прилики во 1966 година, но очигледно дека нивните поучни пораки не допреле до свеста на субјектите кои од тогаш до денеска се одговорни за важи општествени прашања во нашава заедница.


[1] Антропофаг – Onaj koji jede ljudsko meso; ljudožder; kanibal.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.