КАСАПОТ И КУЧЕТО

Posao treba raditi zbog časti

Sir Arthur Conan Doyle

Насловот на овој пост е позајмен од книгата Басни од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

                »На еден касап, зафатен со својата работа во касапницата, му дојде комшиското куче, му украде едно воловско срце и почна да бега. Го здогледа касапот, но веќе оддалечено. Му рече: „А таков ли си ми ти мајстор? Оди и наслади се, но притоа знај дека не ми украде, туку ми даде срце и ум, оти другпат ќе знам како да постапувам со тебе!“

НАРАВОУЧЕНИЕ

            Разумниот ја ползува правата измама, зашто да се запознае оној што уште не го познаваме, тоа е многу корисно: ќе знаеме однапред како да се однесуваме со него. Затоа, нашата поговорка вели: „Кој бргу ќе ме измами, сполај му. Ако повторно ме измами, уште повеќе му благодарам: моја вина е што добро не сум се чувал, знаејќи го каков е!“ Измамникот најмногу сам си штети, оти и кога нешто чистосрдечно мисли, никој не му верува. Така и самата вистина ја губи својата цена кога лажливец ќе ја изговори. Довербата и чесното име, тоа се прекрасни добивки во животот, зашто ниту море ги потопува, ниту злоба ги намалува.«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.