Кучето и неговата сенка

„Енглеска оплакује своју неплодност,

а ми је можемо утешити тиме што је

вински подрум њен најбољи виноград.“

Лорд Бајрон (1788 – 1824)

Насловот на овој пост е позајмен од книгата „Басни“ од Доситеј Обрадовиќ, објавена во 1984 година. Михаил Јанушев за оваа издание го напишал следново: „Басниве поместени во оваа книга ги напишал најпознатиот југословенски баснописец – српскиот писател и просветител од XVIII век Доситеј Обрадовиќ. Тие басни не се негови, оргинални, туку претставуваат преработки и дополненија на познатите баснописци Езоп, Лафонтен и Лесинг, а како оргинална работа кај нив се јавуваат наравоученијата што Доситеј ги дава по секоја басна. Тие наравоученија имаат за задача да ги поучат, пред сè, младите луѓе. По обем, наравоученјата се, честопати, подолги од самите басни.“

                »Кучето, носејќи парче месо, минуваше крај една река. Ја виде во реката својата сенка и помисли дека тоа е друго куче со месо. Му се стори она парче малку поголемо, се залета да го грабне и го испушти своето парче, а водата му го однесе, па остана да се чуди како наеднаш пропаднаа двете парчиња.

НАРАВОУЧЕНИЕ

                „Не се види она што се има, зашто се гледа она што се сака“. А лакомството принудува сè повеќе да се сака, и ги одвлекува луѓето кон неправда и несреќа. „О, да имам уште ова, уште она!“, а тоа „О, да имам!“ – нема ни крај, ни запир, слично е на жега, во која, колку некој повеќе пие, сè повеќе ожеднува.«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.