Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 17-19/2

Граѓани  филантропи  – Дали е неопходно секој од нас со своето бродче, да плови преку океанот сам, предупредува словенечкиот академик Јанко Јуранчич, кога би можеле сите заедно да изградиме поголем брод, посилен па полесно и посигурно да стигнеме на целта. Големината на малите народи е во величината на нејзините филантропи, кои ќе овозможат создавање на self made заедница. Филантропите со своето дејствување ќе овозможат овој наш брод да биде направен во времето кое е пред нас, бидејќи не вреди да се плаче по истуреното млеко. Создавањето на safe made man&women е вистински предизвик во кој треба да се вклучат сите можни расположиви ресурси со кои располагаме за да се започне благовремено. Деловниот свет не е трамвај, кој секој може да го чека и да се качи, деловниот свет претставува главен актер на секое родео – неговото величество бикот на кој кога ќе се качиш, ги добиваш своите максимални  8 секунди кои претставуваат траење на еден цел живот, а надолните и нагорните движења се чувство на возвишеност и надмоќ, нема пораз има само победа, победа и само победа. Постигање на таа победа значи искористување на материјалните, влијателните, интелектуалните и моралните вредности со кои располага една заедница. Ако сакаш да работиш машка работа треба да ги соблечеш кусите панталони и да облечеш долги панталони, тоа нема врска со староста на родниот лист и полот доколку си подготвен да работиш »машки«.

П Р О Д О Л Ж У В А

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.