Amicorum – мај 2014-бр.1-стр. 15-17/2

Не ѝ се служи на Франција така што со нагаѓање да се повторува како ѝ е добро, као никогаш порано не се чувствувала подобро. Ах! Милиони и милиони луѓе не го делат нашиот оптимизам. Од нашиот оптимизам чувствуваат студени морници по грбот. (Жорж Бернанос 1936 година)

Француската болест е политичка болест. . . Французите готово сосема се оддалечени од своите политички должности. Како може да постои држава таму каде што повеќе нема граѓани? Би била потребна револуција на структурите која би се темелела на одлучни промени на духот на јавноста. (Хенри д’Орлеан, гроф од Париз, Француска болест 1954 година)

Французите ги обземала опасна болештина. Несакаат да сватат дека овој период од нив бара напори на прилагодување . . . Неможат без држава, но сепак ја мразат, освен кога ќе се најдат во неволја . . . Не се однесуваат како возрасни личности. (Шарл де Гол 1966 година)

Преку овие изкажани ставови низ подолг временски период францускиот академик Ален Перфит има намера во своето дело »Технократска болест« да укаже на сите можни предизвици при развој на една општествена заедница низ подолг временски период. »SOS« пораката јасно е упатена од страна на граѓаните на заедницата дека нешто не е во ред и дека нешто мора да се преземе. »Self made« заедница е решение кое насекаде низ меридијаните на земјината топка има дадено конкретни резултати. Непознавањето на начинот на кој се создавани и применувањето на дејностите кои даваат резултати не значи дека тие не постојат или дека се нефункционални.

Кога ресурсите се ограничени, тогаш развојот на една личност оди на штета на друга, ние живееме во таква ограничена заедница. Доколу животните потреби помалку се задоволени тоа резултира со зголемена желба на поединците кои се на положба тоа да го направат преку трупање на материјални вредности. Тоа е карактеристика како што наведува професот Бранко Хорват на ауторитативно уредување со низок животен стандард. Од нашите квази – спасители на заедницата од кариера кај нас за нив и полжавите се движат со брзина на супер соничен авион.

foto by pixabay

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.