Арамиско гнездо

„И да ги оставиме зулумќариве по нашиве места?“

Ѓорѓи Абаџиев (1910 – 1963)

»„Душа не остана во мене веќе. Од камен ли имаш срце? Немам свој човек. Врати се при мајка, златен мој! . . .“

Мануш седеше со подвиткани под себе нозе на измачканата со кир штица, закована на четири колца и неколку пати веќе го препрочитуваше писмото, извезено со криви густи редови. …

… Мрачно чувство на осаменост го завладеа Мануша. Сам меѓу своите џелати. Сам пред таа скована во својата страст за зрелиште човечка маса. Ги сведе трепките. Јадра, бела, пердувеста снегулка затрепери на врвот од неговиот опинок, не можеше да се задржи и летна на гредата. …

… Го натераа да седне на колена.

Широк каиш го стегна преку плеќите и потколениците.

Телото му се вдаде напред. Непокорното тело ги изопна каишите. Се откри и разголи жилестиот врат.

„Од камен ли имаш срце? Врати се при мајка, златен мој!“ „Сега, сега . . . Главата ќе се оддели од плеќите. „Мајко, ја исполнив клетвата . . . На светот ги нема веќе Муса, Гого Јане . . . Топуз бег! Нека падне главата . . . одмаздица!“

Секирата заблести.

foto by pixabay
  • Трајко!

Презриво и тажно одметна поглед од луѓето, чудно изменети и матни зад треперливата завеса на снегот. Ја виде планината синкаво-бела, тешка и горда во својата самота и сила.

Во очите му застина метален сјај.«

foto by pixabay

Насловот на овој пост е позајмен од мајсторот на пишаниот збор Ѓорѓи Абаџиев кој со овие зборови го започнува и завршува своето дело „Арамиско гнездо“ објавено во 1954 година. Сличноста на дејствието во романот со сегашно време сосема е случајна или можеби авторот имал визија за состојбите во нашава општествена заедница во почетокот на овој милениум.    

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.