Мравката и штурчето

»„Животот е премногу краток за да биде ситен“

Дизраели

                Некогаш многу одамна си живеела една мравка. Таа вредно работела секој ден во рамките на своите можности. Наутро го почнувала денот со вообичаените активности, после појадокот заминувала да си ги брка дневните работи. Напладне уживала во кратката починка, размислувајќи за тоа што го сработила предпладне. По целодневната активност, во квечерината се прибирала дома, каде што дел од храната што ја собрала преку ден ја трошела за обилна вечера, за да има снага и утрешниот ден да го направи успешен. Додека еден дел од храната оставала на страна за студените зимски денови – кога ќе неможе да ги извршува секојдневните обврски. Така поминувале деновите од недела во недела, кога во еден нејзин вообичаен ден додека ги извршувала своите обврски се сретнала со штурчето. По вообичаените учтиви поздрави штурчето зајадливо и рекло:

  • Зошто по цел ден само работиш, зошто не бидеш вака како мене да си одиш од веселба на веселба, многу е забавно? – на тоа мравката му одговорила:
  • Мене вака ми е весело покрај тоа што работам и соработувам со кого сакам имам време и за одмор преку ден, додека навечер се разонодувам и забавувам со истомислениците, дојди и ти со нас понекогаш кога ќе имаш време?

На тоа штурчето само одмавнало и одговорило:

  • Без врска е тоа што мораш да работиш, но ми се допаѓа тоа околу забавата, повикај ме и мене некогаш. И си заминало по својот пат.

Како поминувале деновите и неделите се наближувала есента, почнале дождливите и студени денови. Набргу дошла и зимата. Една убава зимска вечер мравката по својот добар обичај одела на забава кога наеднаш го видела штурчето како се тресе на студот и го запрашала:

foto by pixabay

Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.