Животот го сочинуваат ситници 3

»Во неа се разкажувало како ми кажуваше упорното дете, кое цело време трчаше по мене сè додека не ми кажа. А ми кажа дека се работело за некоја голема куќа во која живеело некое глувче, кое постојано кога му било потребно јадење одело во просторијата каде имало фрижидер, фрижидер – ете го во приказната но каде е овде во оваа зграда. Покрај фрижидерот секогаш имало по некаква храна, која готвачката заборавала да ја стави во фрижидерот, а таа храна за глувчето значела постојан извор на јадење. Затоа тоа тука живеело среќно и задоволно бидејќи постојано имало што да јаде. Фрижидер, фрижидер, фрижидер го има во приказната но каде е овде. Голема куќа, готвачка која готви за сите во таа куќа. Сликовницата е од овде од оваа куќа, кој овде е главен. Па нормално главниот менаџер, секаде бевме секаде влегувавме но не влеговме во неговата канцеларија. Таму е решението одам таму.

foto by pixabay

Скокна досетливиот кандидат и за миг беше пред кабинетот на главниот менаџер. Го обли зној како тој тука да влезе, но тој бара работа, а можеби решението е од другата страна на вратата. Чукна на вратата. По љубезното„влези“ кое се слушна од другата страна – влезе. Се извини дека влегува тука, но главниот менаџер рече дека нема проблема и оваа просторија е во оваа зграда, слободно нека побара фрижидер. Упорниот кандидат се разврте низ кабинетот и во еден агол здогледа фрижидер. Се појави насмевка на неговото лице. Среќно извика еве го фрижидерот! Главниот менаџер му кажа „браво“, а сега појди отвори го фрижидерот. Внатре во фрижидерот беше тоа изненадувањето кое сите толку многуго посакуваа, но само тој успеа да го пронајде. Полека го отвораше фрижидерот, внатре имаше едно плико, полека но со големо воодушевување го зеде и му го подаде на главниот менаџер. Тој менаџерот со љубезен но одлучен глас му кажа. Тоа плико е твое слободно отвори го. Воодушевениот кандидат нестрпливо го отвораше пликото. Од него извади еден лист на кој пишуваше: Вие (празно место за име и презиме) од овој момент засновавте работен однос во нашата компанија…. На крај беше подпишано од главниот менаџер, кој пријде и му честита на задоволниот кандидат.«

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.