Животот го сочинуваат ситници 2

»Како за кого помина таа недела, за некого многу споро за други пребрзо, од првобитната бројка на пријавени кандидати едвај околу педесетина се појавија на определеното место во одреденото време. Сите беа нестрпливи. Главниот извршен менаџер веќе ги чекаше во холот. По срдечниот поздрав љубезно им се извини за минатиот пат и веднаш им соопшти во што се состои нивниот тест. Им кажа дека слободно може да се движат низ сите простории во оваа зграда и кој прв ќе пронајде фрижидер да дојде кај него и да му каже. Одкако го соопшти ова се повлече во својот кабинет. Повторно изненадување за кандидатите но тоа е што е. Еден дел од нив си замина мрморејќи дека попусто изгубил една недела во чекање (демек имал попаментна работа), додека поголемиот дел од кандидатите се раздвижи низ зградата и почнаа да бараат фрижидер. 

foto by pixabay

Поминаа неколу часа попусто барање никој во некоја просторија каде што влегоа не најде фрижидер, а секаде  беше отворено. Уште некои кандидати се одкажаа и си заминаа „длабоко навредени“ од залудно потрошеното време. Некои кандидати седнаа на клупите во дворот да се одморат и меѓу себе си коментираа разни коментари. Но сепак после тоа повторно продолжуваа да бараат фрижидер. Еден од кандидатите седна и почна да размислува. Клучот на ова решение е во сликовницата. Како не ја понесов со себе. Но нешто се раскажуваше во неа имаше некоја приказна, која мојот малечок син упорно се обидуваше да ми ја раскаже во предходниве денови, но јас зафатен од барање работа немав време да го сослушам. Како сега не е тука мојот син да ми ја раскаже повторно приказната сега имам време да го сослушам. Сношти сепак успеа кутрото дете да ми се доближи и ми ја раскажа приказната. Зошто не му обрнав повеќе внимание, таа сликовницата мене ми беше даденаПРОДОЛЖУВА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.