Животот го сочинуваат ситници

„Ние живееме од тоа што го добиваме,

но нашиот живот го прават работите што ги даваме“.

Винстон Черчил 

»Кој сака да се вработи кај нас (името на фирмата), нека дојде во понеделник (датум), во просториите на нашата компанија (таму и таму) на разговор (во толку и толку часот). Пријавување … и така натаму. Ова е вообичаен оглас кој многу често го објавуваат разни фирми кои нудат работа. На еден таков оглас на наведениот датум во понеделник се пријавуваат стотина кандидати, а на разговор дошле само околу седумдесетина. Тие кандидати во одреденото време биле во дворот на компанијата и стрпливо чекале да бидат повикани на разговор. Љубезната прва асистентка ги пречекала и ги одвела во холот на четврти спрат од прекрасната управна зграда. Таму ги пречекал главниот извршен менаџер, кој одкако срдечно ги поздравил им се представил и ги замолил, бидејќи уште биле поспани да се симнат во дворот да се размрдаат малку и повторно да се вратат тука во холот. Низ ходникот се слушале најразличити коментари, но кандидатите се симнале во дворот. Таму секој на свој начин се „разсонувал“. Поминале и тие петнаестина минути и поголемиот дел од првобитните кандидати кој беше околу седумдесетина разиграно се качија на четвртиот спрат. Помалиот дел кој не ја сфати работава си заминаа да бараат друга работа. Но на четвртиот спрат повторно ги чекаше изненадување. Помошничката на првата асистентка, љубезно им се извини во името на главниот извршен менаџер кој изненада морал да замине напат. Но им кажа дека долу на клупата во дворот има сликовници кои се наменети за нив, а повторно да дојдат наредниот понеделник во истото време на разговор. Повторно купишта коментари но тоа е тоа сите си заминаа, некој земаа, некој не ни земаа сликовница – подарок од фирмата.« ПРОДОЛЖУВА

         

foto by pixabay

 Овој расказ е објавен во збирката раскази „Балканско синапово семе“ во 2009 година – од авторот Мирослав Андреевски. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.