Amicorum – мај 2014/бр.1/стр.2-3

»З а е д н и ц а

Cекоја општествена заедница својот развој директно го поврзува  со начинот на кој се применува демократијата  во таа заедница. Изразувањето на слободната мисла како поим претставува вистински предизвик за пишување на секој интелектуалец, земајќи ги во предвид средновековните стеги од кои сеуште нашата општествена заедница неможе да се ослободи.  Очигледно заглавени во безнадежноста која стабилните демократии како детска општествена болест одамна је прележале. Нашата заедница сеуште е во тривијалноста на средновековната темнина.  Темнина која за да биде надмината треба да биде запален голем светилник. Светилник чија светлина ќе ја видат нашите синови и ќерки растурени по сите светски меридијани далеку одфрлени од својот дом поради непресушната алчност на одредени општествени слоеви во изминативе децении …

Делото на Антон Панов »Печалбари« иако создадено во триесетите години од минатиот век, во денешно време уште повеќе доаѓа до израз острината на јазикот со кој е пишувано пред осумдесетина години, како да е создавано за сегашните генерации.  Кој треба да ја преземе одговорноста за таквиот однос кон граѓаните на оваа заедница? Созревањето на една општествена заедница претставува вградување на современи форми на  капиталистички односи при што кај нејзините граѓани се надминува болеста наречена алчност. Во нашата заедница ликовите или се црни или се бели, помеѓу нив нема ништо, но затоа сите тие се историски ликови, спасители кои нé спасуваат од товарот на материјалните вредности со децении наназад.

Вистински предизвик претставува пишувањето за нивото на општествениот развој  на својата заедница, при тоа знаејќи дека развојните временски периоди кога се граделе сериозни општествени односи се прескокнати. Не е доволно да се знае да се чита и пишува и евентуално да се препишува, треба начинот на размислување, изразување да биде поинаков од актуелните општествено- политички збиднувања заснован на систем на вредности. Вредности кои на овие простори многу одамна се изгубени, можат да се најдат само во незначителни траги. Траги од кои треба да се изгради функционален систем на вредности како во развиените општествени заедници. Се наметнува прашањето зошто тие се толку многу поуспешни од нашата заедница? Што е тоа  по што толку се разликуваме? Доколку ги знаеме фактите,  станува јасно зошто тоа е така.«

Tекстов се наоѓа во списанието „Aмикорум“– граѓанско списание за квалитетот на живеење, првиот број излезе во мај 2014 година, одговорен уредник е Мирослав Андреевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.